Французинот се отвори: Бензема откри како и зошто му одржал лекција на Мурињо

benzema-murinjo

Францускиот напаѓач, Карим Бензема од 2009 година е дел од шпанскиот великан Реал Мадрид, период во кој имаше можност да соработува со неколку големи тренери меѓу кој беше и Жозе Мурињо.

„Специјалниот“ беше главен на „Сантијаго Бернабеу“ во периодот од 2010 до 2013 година, бурен период во кој освен што имаше епски пресметки со Барселона на Пеп Гвардиола се конфронтираше и со дел од своите соиграчи.

Прво име кое се издвојува е секако Икер Касилјас, но тој не е единствен, а тоа го откри Бензема. Карим за „Канал Плус Франција“ обелодени дека збеснал, откако Мурињо го споредил со мачка, поточно дека ќе лови со мачка.

-Имавме добар однос, но потоа почна да кажува некои фрази и забелешки кои не беа коректни. Тој сметаше дека тоа е интересно, ама вистината е дека тој беше некој што го почитував, но во таа ситуација збеснав. Му кажав дека треба да разговараме, имавме состанок од еден час. Му кажав јас сум фудбалер, ти си мој тренер и те почитувам, ама и ти мора да ме почитуваш како играч. По тој настан немаше приказни за мачиња, кучиња или нешто друго. Можеби јас сум срамежлив, ама ако ме исмеваш ќе реагирам. Кога зборуваш за работи, тогаш е подобро, -истакнал напаѓачот на „кралевите“.

Facebook Коментари