Французинот од денеска е број еден во Барселона: Гризман го надмина и Меси

grizman-mesi

Екипата на Барселона и официјално го потврди трансферот на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, трансфер кој ќе ги чини 120 милиони евра.

Французинот во наредните денови ќе стави потпис на договорот кој ќе биде со важност до 2024 година и со тоа ќе биде број еден во една категорија во шпанскиот шампион, па дури и ќе го надмине Лионел Меси. Гризман ќе има највисока откупна клаузула од дури 800 милиони евра што е 100 милиони повеќе од онаа на капитенот Меси и 300 повеќе од Пике, Умтити, Бускетс, Роберто и Алба кои се следи на оваа листа.

На пример новото засилување Френки Де Јонг е „блинидра“ со 400 милиони евра, додека пак Суарез (200), Тер Штеген (180) и Ракитиќ (125) кои се стандардни првотимци имаат „скромни“ откупни клаузули.

Facebook Коментари