Поврзете се со нас

Шпанија

Французинот кој имаше кратка авантура во Реал открил интересна анегдота од тој период

Објавено

на

Фото: https://x.com/faubertofficial

Фудбалските навивачи ќе го паметат Жилиен Фобер како фудбалер кој имаше солидни настапи во Премиер лигата, но не успеа да го потврди својот потенцијал при краткиот престој во Реал Мадрид.

Фобер беше доведен на заем од Вест Хем во зимскиот преоден рок во 2009 година, но забележа само два настапа и голем дел од навивачите веројатно не ни паметата дека бил член на Реал Мадрид.

Во последното интервју открил интересна анегдота поврзана со периодот кога го добил првиот повик од Реал.

– Во една ситуација ми се јави човек кој ми рече дека работи во Реал Мадрид и дека клубот сака да зборува со мене.

– Му реков дека немам време за такви шеги на телефон, – открил Фобер, кој во тие моменти не бил свесен дека му се јавил клупскиот потпретседател Мигел Анхел Португал.

Французинот открил дека претставници на Реал пристигнале во Англија за да го ангажираат Антонио Валенсија, но тој во меѓувреме потпишал за Манчестер Јунајтед, па го одбрале него како втора опција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни