Поврзете се со нас

Европски првенства

Французинките ја прегазија Романија за потврда на пласманот во следната рунда на ЕП

Објавено

на

Француската женска ракометна репрезентација ја оствари и втората победа на актуелното Европско првенство и со убедливиот триумф (35:21) над Романија во Скопје.

Актуелниот олимписки шампион доминираше на средбата во СЦ „Борис Трајковски“, на полувреме водеше со 17:11, а таа предност ја зголеми дополнително во вториот дел, потврдувајќи го пласманот во следната рунда.

Нзе Минко со 6 и Фопа со 5 гола беа најефикасни во францускиот состав, додека во составот на Романија се истакнаа Неагу и Грозав со по 5 погодоци.

Со ваквиот епилог, Французинките го најавија дербито во последното коло задутре, кога во дуелот со Холандија ќе одлучуваат која селекција ќе го освои првото место.

Претходно, во истата група Холандија ја совлада Македонија со 30:15.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни