Француските медиуми со критика за хорор стартот врз младиот Мбапе

gurtner-mba

Осуда стигна од француските медиуми за стартот на голманот на Амие, Режис Гуртнер на младиот Мбапе кој можеше да му нанесе повреда која за долго време ќе го одалече од фудбалскиот терен.

Голманот Режис Гуртнер изведе еден хорор старт со кој го „разнесе“ Мбапе кој леташе неколку метри. Судијата без никакво размислување му даде црвен картон на домашниот голман во 34. минута, а вистинска среќа беше тоа што Мбапе се опорави од ударот на коленото и ги доигра преостанатите десет минути од првиот дел.

Facebook Коментари