Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Францускиот тенисер Маи го призејми „гордиот“ Пике

Објавено

на

Фудбалерот на Барселона, Жерард Пике доцна синоќа испрати порака до социјалните мрежи, преку која индиректно изрази задоволство за неуспехот на проектот Супер лига.

Дефанзивецот на Каталонците напиша „Фудбалот им припаѓа на фановите. Денес повеќе од било кога досега“, па ако голем дел од фудбалските фанови беа задоволни од ваквиот вид поддршка за притисокот кој го направија, сосема спротивни реакции пристигнаа од тениската сцена.

Тениските фанови не му заборавиле на Пике дека тој како бизнисмен го презеде организирањето на Дејвис купот и го направи комерцијален проект со различен формат и многу поинаква завршница, без да го почитува нивното мислење, односно негодување.

Одговор на твитот стигна и од францускиот тенисер Николас Маи, кој со кратка порака покажа што мисли за Пике.

– А што е со Дејвис купот? праша Маи, алудирајќи на ситуацијата со желбите на фановите кои не беа почитувани во периодот кога се решаваше за новиот формат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни