Франција
Францускиот суд ја одби жалбата на Лион за порано завршената сезона
Францускиот суд ги одбил жалбите на Лион, Амиен и Тулуз за прекинатото фудбалско првенство, потврдувајќи ја одлуката на федерацијата за предвремен финиш на шампионатот и определувањето на местата за пласман во европските купови, односно напуштање на лигата.
Лион протестираше поради одлуката да не се доигра сезоната, при што остана без излез во Европа, додека Амиен и Тулуз бараа да нема испаѓање и лигата да се прошири на 22 клубови.
Наместо тоа, одговорните во Француската федерација планираат втората лига во новата сезона да биде составена од 22 екипи, што веројатно значи дека Амиен и Тулуз дефинитивно ќе се преселат во понизок ранг.
Првата и втората лига беа прекинати откако француската влада забрани спортски натпревари до 1 септември, а до крајот требаше да се одиграат уште десет кола.
Лион не само што остана без место во европските купови, туку сега ќе мора без официјални натпревари да го дочека реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Јувентус.
-
Македонија18 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Шпанија22 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија20 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Шпанија24 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Европски првенства20 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 119 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА23 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)
-
Италија10 часа
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)