Светски првенства
Францускиот селектор го најави приоритетот на фаворитот во дуелот со Македонија

Франција важи за еден од главните фаворити за златото на актуелното Светско ракометно првенство, а денешниот дуел со Македонија го дочекува со обезбедено прво место во групата и без никаков дополнителен притисок.
Селекторот Гијом Жил има квалитетен ростер и сигурно ќе се обиде да им даде шанса на оние играчи кои досега добиваа помала минутажа, а за француските медиуми открил и каков план има за денешниот натпревар.
Претпоставките се дека Ромен Лагар ќе добие минутажа за Французите да го одморат Тибо Брие, а ротации се очекувани и на други позиции.
– Носечката идеја е овој натпревар да ни помогне за одржување на ритамот кој го наметнавме од почетокот на турнирот.
– Ова е натпревар кој треба да го потврди она што го работевме досега и да го зацврсти нашиот статус во пресрет на нокаут фазата.
– Имаме луксуз да располагаме со состав кој можеме да го користиме во зависност од потребите и противникот, а ваков натпревар истовремено е можност и да го истражуваме и надополнуваме нашиот играчки репертоар во деловите во кои досега не сме успеале, – вели Жил.
Натпреварот Македонија-Франција се игра вечерва од 20:30 часот.
-
НБА19 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија13 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија17 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија15 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА20 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија20 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП14 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија9 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)