Поврзете се со нас

Франција

Францускиот прволигаш донесе одлука: Виера доби отказ од Ница!

Објавено

на

Легендата на францускиот фудбал, Патрик Виера повеќе не е тренер на тимот на Ница.

Францускиот прволигаш донесе одлука да се раздели со Виера кој ова функција ја извршуваше од летото 2018 година. Ница во актуелнава сезона игра лошо, па така во Лига Европа е веќе елиминирана иако има уште едно коло до крајот на групната фаза, додека пак во Лига 1 го зазема 11 место со 17 бодови.

Клубот веќе го одреди наследникот на Виера, тоа е неговиот досегашен асистент Адриен Урсе кој ќе дебитира на лигашкиот меч против Ремс.

Инаку за Патрик ова беше втор тренерски предизвик во кариерата, првиот го имаше во МЛС составот Њујорк Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни