Поврзете се со нас

Франција

Француски великан го стави цел тим на продажба на осум дена пред истекот на преодниот рок

Објавено

на

Foto:x.com/OL

Олимпик Лион е францускиот клуб кој најмногу потроши на трансфер пазарот ова лето (повеќе од 130 милиони евра), но нелогичната распределба на парите во изминатите два месеци сега го натера газдата на клубот да се одлучи за радикален чекор.

За да се запази финансискиот фер-плеј и да се исплати долгот кон инвестициски фонд, Лион во преостанатите осум дена од летниот преоден рок е приморан да инкасира 75 милиони евра, бидејќи ако не се случи тоа, може да следи голема казна, но и огромни економски потешкотии.

За да се избегне најцрното сценарио, првиот човек Џон Тектор одлучил да ги стави на продажба сите играчи од првиот тим, вклучувајќи ги и оние кои беа купени ова лето (Нуамах, Бенрама, Мангала, Балде, Чалета Цар, Ниакате, Микаутадѕе и Абнер Винисиус).

Како што тврди угледниот „Лекип“, претседатеот на клубот им порачал на фудбалерите дека сите се на трансфер пазарот и дека ќе бидат продадени ако пристигне адекватна понуда, бидејќи главна цел е да се соберат предвидените 100 милиони евра.

До оваа етапа од месец август, Лион има прокнижено само 25 милиони евра од продажба на фудбалери, па до 1-ви септември треба да бидат инкасирани барем уште 75 милиони евра.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни