Поврзете се со нас

Франција

Француски великан го договори Гринвуд

Објавено

на

Foto:twitter.com/GetafeCF

Мејсон Гринвуд се поврзуваше со многу големи екипи во изминатиов период, клубови од Италија, Шпанија, но како што стојат работите се уште актуелниот член на Манчестер Јунајтед на крајот ќе заврши во Франција.

Последните вести се дека во основа е договорено Гринвуд да го облече дресот на Олимпик Марсеј. Јунајтед ја прифатил понудата од 30 милиони евра за офанзивецот, но притоа ќе добие и 50 проценти од следната продажба на играчот кој да не заборавиме има само 22 години.

Англичанецот пак ќе стави потпис на договорот до 30 јуни 2029 година.

Останува да се види во целата ситуација дали навивачите на Марсеј ќе бидат проблем затоа што беа против оваа операција.

Гринвуд минатата сезона ја мина на позајмица го Хетафе каде на вкупо 36 средби даде 10 гола и запиша 6 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни