Француски репрезентативец во чест на неговата мајка, реши целата премија да ја донира за изградба на џамија

Osman dembele

Осман Дембеле, францускиот репрезентативец кој и помогна на својата земја и беше дел од националниот тим на Франција, кој остави печат на Мундијалот во Русија, направи потег кој ја изненади јавноста.

Премијата која ја доби за освојувањето на Светското првенство, реши да ја донира  во религиозни цели и тоа во местото од каде потекнува неговата мајка, а се работи за Мавританија, каде сите 350 илјади евра ќе завршат за изградба на џамија.

Дембеле со 20 години во 2017 година успеа да потпише договор со Барселона и се очекува во новата сезона да биде стандарден првотимец во редовите на ,,каталонците”.

Facebook Коментари