Поврзете се со нас

Франција

Француски репрезентативец: Го сакам квалитетот на Мбапе, но не го сакам неговиот живот

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Дидие Дешамп одлучи да не го повика Килијан Мбапе за ноемвриските натпрвари во Лигата на нации, а бидејќи напаѓачот на Реал веќе втор месец останува без репрезентативните обврски, медиумите во Франција почнаа на големо да делат критики за големата ѕвезда.

Мбапе се соочува со огромен притисок и поради променливата голгетерска форма во Реал Мадрид и очигледно е дека Дешамп сака да му помогне околку справувањето со тешката ситуација, но наместо да влијае позитивно, одлуката на селекторот му донесе само дополнителни проблеми на момчето од Бонди.

За неговата комплексна ситуација сега се реши да говори Ибрахима Конате, кој како негов близок соиграч во репрезентацијата отворено сочуствува со комплексниот живот кој го има Мбапе.

– Не е лесно да си Мбапе и јас добро го знам тоа. Кога е со нас во репрезентацијата, сите новинари и сите медиуми се над него. Гледам што му се случува и навистина не е лесно да се води таков живот, не е лесно да се направи баланс.

– Кога го гледам, често знам да му го кажам следното: Го сакам твојот квалитет, но не го сакам твојот живот! Тешко е да го гледате своето име на сите страни во фудбалот, тешко е да се соочувате со натписи за секоја работа што ќе ја направите на теренот, или надвор од него. Цел свет знае каков квалитет поседува Килијан, но навистина не е лесно да се биде во негова кожа, – вели играчот на Ливерпул.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни