Поврзете се со нас

Франција

Француски прволигаш казни шестгодишен фан поради недолично однесување (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/HAC_Foot

Најмладите фанови на стадионите се најдобар можен декор на еден фудбалски натпревар, па иако во најголем дел малите дечиња знаат да се најдат во прв план поради симпатични барања до своите идоли, сега еден пример од Франција ни носи целосен контраст.

Прволигашиот Ле Авр реши да донесе несекојдневна и непопуларна одлука за еден свој шестгодишен фан кој доаѓа со својот родител на натпреварите на домашен терен, односно му изрече забрана за доаѓања на стадионот до почетокот на 2025-та година.

Како што јавуваат француските медиуми, Ле Авр е првиот клуб во историјата кој казнува толку млад фан, а причината за ваквата одлука е натпреварот кој се одиграл на 10-ти ноември.

При поразот на Ле Авр од Ремс на домашен терен со резултат 0:3, малиот навивач ги гаѓал противничките фудбалери со хартиени чаши и хартиени топки, па иако одлуката е крајно непопуларна, францускиот клуб смета дека вака ќе се подигне свеста кај сите фанови, а особено кај родителите кои ги носат своите деца на натпреварите.

– Малку е тажно што мораме да носиме вакви одлуки, но мора да ја подигнеме свеста кај луѓето кои доаѓаат да ги следат нашите натпревари. Ние промовираме агенда според која стадионот не е место за искажување на своите фрустрации, сакаме стадионот да биде место на кое се слави фудбалот, – гласи пораката од клубот испратена до „Лекип“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни