Поврзете се со нас

АТП

Француски „Лекип“ со провокативна карикатура за рекордерот Ѓоковиќ

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ го собори рекордот на Рожер Федерер според бројот на недели на првото место на АТП ранкингот, на задоволство на своите фанови кои долго го очекуваа овој момент.

Освојувачот на 18 грен-слем титули оствари една голема цел во својата кариера стигнувајќи до 311 недели на врвот, но редакцијата на француски „Лекип“ денеска објави провокативна карикатура, која предизвика многу реакции.

На карикатурата, Ѓоковиќ е на највисоката позиција на пиедесталот со новиот рекорд, но фановите и натаму се свртени кон Федерер и се возбудени поради неговото враќање на терените.

Швајцарецот по долга пауза утре официјално ќе се врати на турот и тоа со настап на турнирот во Доха.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни