Поврзете се со нас

Франција

Француски голман со поддршка за Донарума: Црвен картон?

Објавено

на

Foto:x.com/PSG_inside

Џанлуиџи Донарума заработи сериозна повреда на лицето на вчерашното дерби меѓу ПСЖ и Монако, а фудбалските фанови се шокирани не само од потегот на противничкиот фудбалер, туку и од одлуката на главниот судија.

Италијанскиот голман доби жесток удар со копачка од Вилфрид Синго, а главниот судија Франсоа Летексје му покажа само жолт картон на фудбалерот на Монако.

Летексје е судија кој често добива важни натпревари и во Лигата на шампионите и изненадува начинот на кој го оцени овој дуел, како и соработката со ВАР собата.

Зачуден бил и голманот на Лил и француската репрезентација, Франсоа Шевалие, кој преку социјалните мрежи го открил својот став.

– Нема црвен картон? – напишал кратко и јасно Шевалие, алудирајќи на недоволната заштита која ја добил неговиот колега во спорната ситуација.

Луис Енрике за хорор лузната на Италијанецот: Тешко е да се гледа што му се случи на Донарума (Фото)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни