Француски гигант во офанзива по Адеми

ademi-osijek

Медиумите во Хрватска пласираат информации дека францускиот гигант Лил испратил понуда вредна 3.8 милиони евра за нашиот репрезентативец, Аријан Адеми.

Сепак, информациите говорат дека од Динамо Загреб ја одбиле таа понуда со оглед на фактот што следната недела ги чека првиот натпревар од сезоната, двобојот помеѓу Хапоел Беер Шева во рамките од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Но, „Модрите“ наводно биле подготвени да го пуштат Адеми да си замине само ако Лил ја зголеми понудата и ако истата ја испрати по двомечот од Лигата на шампионите. Со тоа Динамо ќе го има клучниот играч во своите редови за важните натпревари со израелскиот тим, а ќе има и доволно време да пронајде алтернатива за неговата позиција.

Facebook Коментари