Поврзете се со нас

Франција

Француски фудбалер почина по 39 години во кома

Објавено

на

Францускиот фудбалер Жан-Пјер Адамс е прогласен за мртов 39 години откако падна во кома.

Медиумите пренесуваат дека Адамс починал на 73-годишна возраст, иако поголем дел од животот го мина во болница и тоа како последица на лекарска грешка.

Адамс имал 34 години кога бил примен на рутинска операција во болницата во Лион, но поради грешка со анестезијата, наместо да се разбуди по неколку часа, остана во кома 39 години.

Овој фудбалер забележа 22 настапи за француската репрезентација меѓу 1972 и 1976 година, беше член и на ПСЖ, иако најголемиот дел од кариерата го помина во редовите на Ница.

Повредата на коленото поради која заминал на операција, го загрижила Адамс по крајот на кариера односно додека поседувал тренерски курс, а истрагата утврдила дека бил жртва на ненамерна лекарска грешка.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни