Поврзете се со нас

Франција

Француската Лига 1 го искористи ликот на Меси за брутално да му одговори на Роналдо (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/selecaoportugal

Кристијано Роналдо беше специјален гостин на „Глоуб“ фудбалските награди кои се доделуваат во Дубаи, а легендарниот голгетер отттаму испорача и неколку коментари кои брзо одѕвонија како „бомби“ во европската спортска јавност.

Англиските медиуми посебно се задржаа на неговите изјави поврзани за Манчестер Јунајтед, но оние од Франција на големо ги споделија зборовите со кои Кристијано ја омаловажи Лига 1.

Португалецот и во минатото немал големо мислење за најсилната фудбалска лига во Франција, меѓутоа овојпат ја спореди со лигата во Саудиска Арабија и порача дека се игра многу поквалитетен и потежок фудбал во арапската земја.

– Секако дека саудиската лига е подобра од француската Лига 1. Ќе ви дадам еден пример, обидете се да спринтате и да бидете константен на 38, 39 или 40 степени целзиусови. Франција го има само ПСЖ, останатите тимови се готови во фудбалска смисла, – порача Роналдо.

Лига 1 сега реши да го искористи својот официјален профил за шпанско поднебје, а тоа го направи на доста брутален начин, прикажувајќи како Меси го бакнува трофејот од освоената Светска титула во Катар.

– Лео Меси кога игра на 38 степени.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни