Француската федерација појасни како настрадал скијачот Поасон

poisson

Давид Поасон вчера трагично го загуби животот за време на рутински спуст тренинг во канадски зимски центар каде француската репрезентација се подготвува за продолжението од сезоната во Светскиот куп во алпско скијање.

Поасон им подлегна на повредите по несреќата, а денеска француската скијачка федерација откри дека тој починал поради силен удар во дрво. Како што открија Французите, 35-годишниот Поасон останал без една скија, по што ја загубил контролата и со голема брзина удрил во дрво, удар кој бил смртоносен за искусниот скијач.

Покрај ланската победа на спустот во Кицбил, Поасон имаше и сребрен и бронзен медал од Светско првенство.

Facebook Коментари