Поврзете се со нас

Евролига

Франциско со тројка во последната секунда ја продлабочи кризата на Партизан, Милер-Мекинтаер со учинок за историја во Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/Baskonia

Партизан влезе во серија на лоши резултати, серија која продолжи и вечерва каде забележа болен пораз од Баерн Минхен во рамките на 26.коло во Евролигата.

„Црно-белите“ имаа добри и лоши моменти, меѓутоа беа пред победа во соочувањето со „баварците“, меѓутоа на една секунда до крајот Франциско погоди тројка за 79:78. Потоа домаќините побараа тајмаут, топката стигна до Пантер кој се обиде да погоди за три, меѓутоа неговиот обид не беше успешен и клубот од Белград го претрпе петтиот пораз во низа, трет во оваа конкуренција.

Франциско со 20 и Ибака со 14 поени беа најефикасни, залудни за Партизан беше 22 поени на Пантер.

Басконија го доби Асвел со 94:80 во меч во кој беше испишана нова страница од историјата на Евролигата. Имено Коди Милер-Мекинтаер забележа дури 20 асистенции што е нов рекорд, поточно Американецот ги надмина Ник Калатес и Факундо Кампацо кои досега го делеа првото место со 19 асистенции на вечната листа.

Тој имаше и 11 поени и 11 скока со што забележа трипл дабл и со тоа ги фрли сенка сите останати играчи на теренот.

На другите терени Анадолу Ефес беше подобар од Макаби со 105:91, Олимпија Милано славеше над Реал Мадрид (81:76), а Олимпијакос како гостин ја надигра Валенсија (78:65).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни