Франција тагува по тренерот кој им ја донесе првата историска титула на „триколорите“

idalgo-platini

Фудаблска Франција во текот на денешниот ден тагува за смртта на прославениот стручњак од оваа земја, легендарниот Мишел Идалго кој со златни букви го има испишано своето име во историјата на „триколорите“.

Идалго е човекот кој ја предводеше Франција до првиот и историски триумф на Европските првенства во 1984-та година, а денеска за жал потклекна во битката која ја водеше подолго време. Идалго почина на 87-годишна возвраст од природна смрт и како поселдица на изнемоштеност, а тоа го потврдија и неговите блиски роднини од Марсеј.

Идалго беше селектор на Франција од 1976-та до 1984-та година, ставајќи крај на незаборавната етапа откако во големото финале на Европското првенство ја победи Шпанија со 2:0. Претходно, имаше свој значаен дострел и на Светското првенство, кога во 1982-ра година неговата Франција беше сопрена од Германија во полуфиналето.

– Мишел Идалго остави многу големо наследство. Тој го обнови францускиот фудбал и не претстави на највисоко на интернационално ниво. Како тренер, Мишел го предводеше францускиот тим до најголеми височини, потпирајќи се на убав стил на играч кој ни овозможи на нас играчите да го покажеме сиот свој талент, – порача Мишел Платини кој беше капитен на францускиот тим во 1984-та година.

Facebook Коментари