Поврзете се со нас

Европски првенства

Франција со автогол обезбеди четвртфинале на ЕП во Германија

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/equipedefrance

Француската фудбалска репрезентација упати 20 удари кон белгискиот гол, но победи со автогол на противникот постигнат во 85. минута од осминафиналето на ЕП во Германија.

Французите почесто се обидуваа да стигнат до водство, но и Белгија имаше свои моменти, во кои можеше да го изненади Мењан и актуелниот светски вицешампион.

Голем број од ударите на француските репрезентативци завршуваа покрај голот на Кастелс, но на крајот ударот на Коло Муани и контактот на Вертонген се покажаа како клучни за исходот на осминафиналето.

Коло Муани доби топка во шеснаесетникот, биеше од десната страна, а топката од коленото на Вертонген заврши во белгиската мрежа. Голот во 85. минута е запишан како автогол, со што продолжи серијата на Французите без постигнат гол од игра.

Франција во четвртфиналето ќе игра против победникот од мечот меѓу Португалија и Словенија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни