Поврзете се со нас

Лига на нации

Франција си го обели образот во Лион, Италија стигна до „два од два“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/equipedefrance

Франција одигра навистина лош меч на „Паркот на принцовите“ против Италија и стартуваше со пораз во новата сезона во Лигата на нации, па затоа денеска притисокот беше навистина голем кон „триколорите“.

Во такви услови, Дидие Дешамп реши да ги измеша картите и го остави капитенот Килијан Мбапе на клупа, но и без него на теренот, Французите денеска беа доволно инспирирани за победа против Белгија.

Коло Муани и Усман Дембеле постигнаа по еден гол пред Мбапе да добие шанса за игра во вториот дел, по што веќе беше решено дека бодовите остануваат во Лион.

На вториот меч во оваа група, подновената Италија покажа дека направила важен прогрес по разочарувањето на Европското првенство, бидејќи денеска славеше победа во Израел.

Иако впечатокот беше малку расипан во завршницата кога „аѕурите“ примија гол, претходно мечот го решија Фратези и Кин кој стрелаа во мрежата на домаќинот (1:2).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни