Поврзете се со нас

Европски првенства

Франција победи со автогол, Мбапе заврши со скршен нос (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/CBSSportsGolazo

Репрезентацијата на Франција со победа над Австрија од 1-0 го започна настапот на Европското првенство, турнир на кој важат за еден од главните фаворити за освојување на пехарот.

„Триколорите“ не блескаа, ама ги освоија трите посакувани бода иако не тие не постигнаа гол во Дизелдорф. Имено клучниот момент се случи во 38 минута кога Вобер имаше лоша реакција и ја затресе мрежата на неговата репрезентација.

Најубавата шанса за зголемување на водство ја пропушти Мбапе, играч кој пак во финишот по еден обид со глава го закачи Дансо и по се изгледа заврши со скршен нос, односно мораше да ја напушти играта.

Во истата Д група, Холандија вчера беше подобра од Полска со 2-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни