Франција и Норвешка ќе се борат за мундијалското злато

Oftedal-Norveska

Женските ракометни репрезентации на Франција и Норвешка обезбедија место во финалето на Светското првенство во Германија и во недела ќе се борат за златните медали на ова престижно натпреварување.

Најпрвин Норвешка ја совлада Холандија со убедливи 32:23, во полуфиналето во кое најефикасни кај победничката селекција беа Морк со 8 и Офтендал со 6 голови.

Во второто полуфинале, Франција ја совлада Шведска со 24:22, иако скандинавската селекција на полувреме водеше со минимални 12:11 и не успеа да ја задржи таа предност во вториот дел. Хагман постигна дури 8 голови за Шведска, но и тоа не беше доволно, а на спротивната страна најдобар реализатор беше Лакрабер со 5 погодоци, а на голот повторно блескаше нејзината колешка од Вардар, Амандин Лејно со дури 14 одбрани.

Финалето во недела се игра од 17:30 часот.

Facebook Коментари