Поврзете се со нас

Франција

Франција не знае за гол, Полска е првата селекција која е елиминирана од ЕП (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/CBSSportsGolazo

Франција и Холандија разочараа и одиграа без победник во дерби средбата од Д групата на Европското првенство.

Ова беше прв меч на шампионатот без постигнат гол, но и воедно резултат кој донесе официјална елиминација на една селекција од турнирот-тоа е Полска.

Имено Полјаците останаа без шанси за место во нокаут фазата, поточно поразите во првите две кола од Франција и Австрија придонесоа во завршното трето коло само да се борат за својата чест.

„Триколорите“ беа поконретни на соочувањето во Лајпциг, ама на Холандија и беше поништен гол со помош на ВАР во 69 минута, погодок на Симонс кој донесе реакции и коментари на социјалните мрежи.

Инаку Франција веќе трет меч во низа не знае за гол, поточно избраниците на Дешамп немаат погодок од отворена игра. Имено на последниот тест пред ЕП ремизираа со Канада (0-0), потоа со автогол ја совладаа Австрија, а вечерва и покрај сиот напаѓачки арсенал одново не го матираа противникот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни