Поврзете се со нас

Европски првенства

Франција не успеа да ја победи Полска, Австрија го освои првото место во групата (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/oefb1904

Австрија излезе како голем победник од денешното последно коло во групата Д на ЕП во Германија, освојувајќи го првото место по големата победа над Холандија.

Австријците дури три пати водеа и на крајот победија со 3:2, додека на вториот дуел Франција не успеа да ја победи отпишаната Полска и обезбеди само реми 1:1, кое е доволно за второто место во групата.

„Триколорите“ беа прв фаворит во групата, но денеска не ги искористија своите шанси, а единствениот гол го постигнаа преку Килијан Мбапе од пенал.

Полска возврати од белата точка, откако Роберт Левандовски успеа да го совлада Мењан од втор обид, бидејќи првиот беше непрецизен, но и поништен затоа што голманот порано од предвиденото ја напуштил гол-линијата.

Автоголот на Мален и головите на Шмид и Забицер донесоа голема победа за Австрија, додека за противникот прецизни беа Гакпо и Депај. Холандија на крајот заврши на третото место во групата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни