Поврзете се со нас

Франција

Франција мораше да го отпише Манданда, тројца ново заболени во ПСЖ од КОВИД-19 

Објавено

на

Селекцијата на Франција се подготвува за пресметките со Шведска и Хрватска во Лигата на нации, дуели за кои во комбинација нема да биде искусниот голман Стив Манданда.

Манданда беше повикан во националниот тим за овој предизвик, но задолжителните тестови кои биле направени покажале оти е позитивен на КОВИД-19 што значи е во „аут“ од составот и во наредните две недели ќе мора да биде карантин пред да им се врати на клупските обврски со Олимпик Марсеј.

Европскиот вицешампион Пари Сен Жермен пак објави дека уште тројца играчи имале коронавирус со што доаѓаме до бројка од шест фудбалери кои ќе бидат надвор од тимот во наредните 14 денови. „Светците“ не ги открија имињата на ново заболените, но според медиумите тоа се Кејлор Навас, дефанзивецот Маркињос и напаѓачот Мауро Икарди.

Останува да видиме сега дали закажаниот меч со Ленс на 10 септември ќе биде одложен поради овие нови настани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни