Олимписки игри
Франција ја сруши перфектната Канада и ќе се бори за медал за ОИ
Репрезентацијата на Франција бодрена од своите сонародници направи изненадување и славеше над Канада со 82:73 во четвртфиналното соочување на Олимписките Игри.
Французите иако имаат искусен, квалитетен и проверен состав играат лошо на турнирот, покажаа многу осцилации и токму затоа Канаѓаните кои досега беа перфектни влегоа како фаворити во битката со Париз.
Меѓутоа групната фаза е еден сегмент, нокаут рундата е друг, па четата на Коле покажа знаење, борбеност, умешност и се избори за полуфинале во кое ќе ги одмери силите со Германија.
Како пресуден се покажа првиот дел кој „триколорите“ го реализираа со плус 16 (45:29), па иако гостите во продолжението се закануваа, беа конкурентни на крајот сепак последниот збор го имаа Французините кои сега ќе се борат за медал.
Јабуселе и Кординие со 22 и 20 кошеви беа први стрелци кај победникот, додека Гилџес-Александер немаше соодветна поддршка и залудни беа неговите 27 поени.
-
Светпред 18 часа
Ривалдо бара да се вратат двајца ветерани во бразилската репрезентација: Тоа се големи имиња…
-
Светпред 21 час
Србите го бараат наследникот на Пешиќ, две имиња се во игра
-
АТПпред 15 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
Лига на шампионипред 24 часа
„Проектил“ кој не се брани: Кузмановски ја „скина“ мрежата од голот на Паличка (ВИДЕО)
-
Светпред 21 час
Кимих: Не ми се допаѓа новото правило, судиите се премногу чувствителни
-
Италијапред 19 часа
Бобан: Ибрахимовиќ направи колосална грешка…
-
Италијапред 23 часа
Тоти: Де Роси може да заврши како Мурињо
-
Светпред 13 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“