Франција ја симна Норвешка од тронот и ја освои втората светска титула

Francija-Sp

Женската ракометна репрезентација на Франција е нов светски шампион, а до титулата дојде со победата во финалето на СП против Норвешка со резултат 23:21.

Норвешка влезе во финалето како фаворит, но Французинките уште од почетокот покажаа дека имаат сериозни амбиции да го симнат од тронот актуелниот шампион. На полувремето водеа со 11:10, а по турбулентното второ полувреме, во финишот одиграа подобро, Лакрабер погоди во најважниот момент, Лејно одбрани и резултатот 23:21 беше конечен и доволен за победа.

За Франција ова е втора светска титула и прва по пауза од четиринаесет години.

Пино и Оет со по 4 голови беа најефикасни кај Франција, додека во редовите на Норвешка Морк реализираше 8 голови.

Facebook Коментари