Поврзете се со нас

Светски првенства

Франција ја освои титулата на СП што се одржа во Скопје

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Репрезентацијата на Франција е победник на 24. Светско јуниорско првенство во женска конкуренција кое се одржа во нашата земја.

Французинките во денешното финале беа подобри од Унгарија со 29:26. Голема борба се водеше во СЦ „Борис Трајковски“, а селекцијата на Франција беше онаа која беше чекор, два пред противникот и успеа да дојде до пехарот, златото на овој собир на најдобрите ракометни таленти на планетава.

Бронзата ја освои Холандија која ја надигра Данска со 34:28.

Само за потсетување Македонија го заврши мундијалот на 16. позиција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни