Поврзете се со нас

Светски првенства

Франција и Шведска со убедливи победи до првите места во своите групи

Објавено

на

Франција и Шведска со победи го потврдија првото место во своите групи на Светското ракометно првенство, а со тоа ги потврдија и позициите на Норвешка и Египет, кои исто така се пласираа во четвртфиналето.

Португалија можеше да ги расипе сметките на Норвежаните или Французите со победа вечерва, но сепак трофејната репрезентација доминираше од почеток до крај и славеше со убедливи 32:22, за задржување на перфектниот скор на мундијалот во Египет.

Деска со 8 погодоци создаваше најмногу проблеми за португалската репрезентација на овој дуел

Шведска одигра уште подоминантно против Русија, го доби натпреварот со 34:20 и го потврди својот пласман на првото место во групата, додека Египет оди во четвртфиналето од второто место.

Пелас со 7 и Ване со 6 голови беа најдобри стрелци во шведската селекција на дуелот одигран вечерва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни