Поврзете се со нас

Одбојка

Франција и Аргентина направија изненадувања и ќе се борат за медали во Токио

Објавено

на

Репрезентациите на Франција и Аргентина направија големи изненадувања и обезбедија пласман во полуфиналето на турнирот во одбојка на ЛОИ во Токио.

Франција по една голема драма славеше над светскиот шампион Полска со 3-2 (21-25, 25-22, 21-25, 25-21, 15-9) во сетови. Ова за „триколорите“ е прво олимписки полуфинале, а во истото ќе се соочи со Аргентинците кои дојдоа до голема победа над Италија.

„Аѕурите“ како сребрена репрезентација од претходните олимписки игри ја имаше улогата на фаворит и тргна одлично со 25-21 во првиот. Жилавите „гаучоси“ покажаа сила и знаење во нареднива два и го свртеа резултатот за да потоа Италијанците одговорот, а тоа значеше дека петтиот сет ќе решава.

Во истиот за нијанса подобри беа јужно-американците (15-11) за кои ова е прво полуфинале по 21 година.

На другите две четвртфинални битки, Бразил и Русија немаа проблеми против Јапонија и Канада, па ќе имаат меѓусебна битка за влез во финалето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни