Поврзете се со нас

Светски првенства

Франција го скрши отпорот на Австрија и запиша убедлива победа

Објавено

на

Foto:instagram.com/edfmhandball

Франција и Австрија се селекции против кои треба да играме во втората фаза на Светското првенство, па сосема очекувано е дека Кирил Лазаров и неговите помошници ќе прават видео анализа од овој меч кога ќе се подготвуваат за споменатите натпревари.

Македонија утре ќе треба да ја одработи рутински задачата против Гвинеја и да го потврди пласманот во следната рунда, а според распоредот на силите, нашата селекција би требало да има големи шанси да се надигрува и да размислува на победи против Австрија и Катар.

Франција во секој случај е друга димензија и еден од главните фаворити за највисоко пласман, па затоа беше убаво да се види како Австријците ќе одговорат на високото темпо кое го наметнуваат „триколорите“.

Европскиот шампион на крајот запиша убедлива победа откако целосно го скрши отпорот во завршните 10 минути, но мора да се напомене дека Австријците навистина добро парираа во добар дел од мечот со големиот фаворит.

Французите имаа предност од шест голови уште во првиот дел кој на крајот го приведоа до крај со „плус четири“, па иако со таква предност влегоа и во последните 10 минути, на крајот славеа со убедливи 35:27.

Убедлива победа запиша и Шпанија над Јапонија со 39:20, како и Словенија над Зеленортска Република (36:24). Најнеизвесен дуел во првиот термин од 18:00 часот беше оној меѓу Алжир и Тунис кој заврши со резултат 25:26.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни