Олимписки игри
Франција го нокаутираше светскиот шампион и ќе се бори за златото на Париз (ВИДЕО)
Репрезентацијата на Франција е првиот финалист на кошаркарскиот турнир во машка конкуренција на Летните Олимписки Игри и тоа откако вечерва успеа да ја добие пресметката со актуелниот светски шампион Германија со 73:69.
Иако на хартија Германците важеа за фаворити, но тоа како да им одговара на Французите кои беа во исто таква улога и против Канада, а на крајот ги нокаутираа ривалите.
Се водеше жестока борба во Париз, првиот дел заврши со израмнети 33:33 за да третиот период заврши со плус шест за домаќините. „Триколорите“ водеа и со 13 разлика во завршниот период, ама противникот не се предаваше, дојде и на минус два, меѓутоа немаше сили за целосен пресврт.
Јабуселе и Кординие одново беа главни кај „галските петли“ со 17 и 16 кошеви, Шрудер реализираше 18 за поразените.
Вториот финалист ќе го добиеме вечерва по мечот меѓу Србија и САД.
-
Македонијапред 18 часа
Иџе ја заврши сезоната како најдобар во својата група: Македонија, ова е за тебе (Фото)
-
Италијапред 14 часа
Драма во 94. минута: Катастрофална грешка на судијата Паирето ја остави Монца без стопроцентна шанса за победа (Видео)
-
Шпанијапред 17 часа
Капитенот на Севилја постигна гол после пет години, па откри голем здравствен проблем: Има денови кога не можам да станам (Видео)
-
Лига на шампионипред 20 часа
Де Вриј подготвен за Халанд по киксот со Монца: Може да се сопре само на еден начин
-
Шпанијапред 19 часа
Јамал верува во подзаборавениот играч на Барса: Тој е специјален и може да ни помогне
-
Шпанијапред 8 часа
Ѕвезда на Барселона почна да тренира со екипата по пет месеци (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 10 часа
Мичел за бисерот на Барселона: Прави разлика, може да го достигне нивото на Меси
-
Англијапред 11 часа
Легенда на Јунајтед не верува во Тен Хаг: Со него сме на милиони километри од титулата во Премиер лигата