Франција и Белгија ќе се борат за пехарот во Дејвис Купот

conga

Репрезентациите на Франција и Белгија ќе се борат за пехарот во Дејвис Купот. Ова е епилогот по полуфиналните средби во кои „триколорите“ беа подобри од Србија, додека пак Белгијците со пресврт славеа над Австралија со 3-2.

Последниот поен за Французините денеска го донесе Жо Вилфред Цонга со победата над Душан Лајовиќ со 3-1 во сетови (2-6, 6-2, 7-6, 6-2).

Многу поинтересно беше на битката меѓу Белгија и Австрилија во која „кенгурите“ денеска влегоа со предност од 2-1. Меѓутоа прво Гофан по три часа го доби Кирјос (6-7, 6-6, 6-4, 6-4), по што на теренот излегоа Дарсис и Томпсон.

Стив бодрен од публиката беше фуриозен (3-0) и и овозможи на Белгија второ финале во последните три години.

Facebook Коментари