Поврзете се со нас

Англија

Фоуден со хет-трик му донесе победа на Сити и влезе во ексклузивен клуб (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Манчестер Сити не дозволи никакво изненадување и издвојува сигурна победа над Астон Вила од 4-1 во 31. коло во Премиер лигата.

Ова за „граѓаните“ беше прв сезонски триумф против тим од најдобрата петка на табелата во англискиот шампионат, партија која беше одбележана од Фил Фоден кој „испука“ хет-трик.

Англискиот репрезентативец погоди во судиското продолжение на првото полувреме, 62 и 69 минута и сосема заслужено го понесе признанието играч на натпреварот.

Со ова Фил влезе во одбрано друштво кога се во прашање Топ 5 лигите и асовите со најдобра статистика во актуелнава кампања 2023/2024. Тој е петти фудбалер со учинок од 20+погодоци и 10+асистенции, односно во ова друштво заедно со него се четворица англиски играчи што доволно говори за квалитетот и кампањата која ја имаат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни