Поврзете се со нас

Англија

Фоуден се фаќаше за глава по генијалниот погодок на Бернардо, Њукасл одговори со два перфектни гола (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/premierleague

Првото полувреме на северот во Англија донесе френетични 20 минути во завршницата од првиот дел, па на пауза се замина со три гола и пресврт на домашниот тим.

Манчестер Сити поведе на гостувањето на „Ст. Џејмс парк“ со генијалниот гол со пета кој го постигна Бернардо Силва, но потоа асистентот на овој гол на двапати беше изместен од ривалите.

Кајл Вокер му асистираше на Бернардо за 0:1 и магијата на Португалецот направи Фоуден да се држи за глава, но домаќините предводени од Еди Хау имаа подготвено одговор за ова.

Исак израмни на 1:1 со елегантно движење и перфектна завршница, а потоа Гордон како да ја преслика неговата техника и погоди за 2:1 во мрежата на Ортега.

Во раната фаза од мечот, во игра мораше да влегува резервниот голман на Пеп Гвардиола, а причина за тоа беше повредата на Едерсон.

Голот на Силва погледнете го ТУКА

Голот на Исак погледнете го ТУКА

Голот на Гордон погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни