Пливање
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Емотивниот дочек на светскиот вицешампион Стојаноски

Македонскиот пливач Андреј Стојаноски вчера се врати од настапот во Тексас, каде што во Сан Антонио го освои сребрениот медал на трката во 1.500 метри слободно.
На светскиот собир на најдобрите пливачи со оштетен слух тој со резултат од 16 минути и 57.32 секунди беше второпласиран, а пливаше уште во три финални трки на 200 и 400 метри слободно (седмо и осмо место), како и на 400 метри делфин (петти). Дочекот во Скопје беше искрен и од срце, организиран од пливачкиот клуб „Бета“ и неговите клупски другари и нивните родители, поради што изобилуваше со многу изблици на емоции, кои ја засенија потребата од скапа сценографија. Стојаноски и неговиот тренер Мане Соколовски беа дочекани пред базенот „Борис Трајковски“ со овации и солзи од родителите и најблиските, кои можат да се гордеат на успехот. На собирот присуствуваше и директорот на агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој најави и официјален прием за „сребреното“ момче.

- Лига на шампионипред 23 часа
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Лига на шампионипред 14 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Лига на шампионипред 24 часа
Менди со супер гол во финишот го проби бедемот на Аталанта, Манчестер Сити без проблем во Будимпешта (Видео)
- Лига на шампионипред 14 часа
Бесниот Гасперини со предлог до УЕФА какви судии да делегира во иднина: Ова е самоубиство на фудбалот!
- Лига на шампионипред 12 часа
Иличиќ бесен откако беше изваден по само 30 минути игра, Гасперини веднаш му возврати
- Италијапред 10 часа
Даглас Коста незадоволен од престојот во Баерн Минхен, најави каде би можел да продолжи
- Англијапред 11 часа
Европските гиганти се „испотепаа“ за фудбалер од втората англиска лига: Бекот на Норвич прави супер трансфер
- Италијапред 10 часа
Интер потврди пет случаи позитивни на Ковид-19