ФОТО ВЕСТ: Словенци меѓу „Фалангата“ – провокација или фер плеј?

neko medzu nama nije nash

За „Дерби“ од Загреб,
Александар Табаковски

Двајца ентузијастички настроени навивачи на Словенија го минаа натпреварот во Загреб против Македонија навивајќи веднаш зад клупата на Раул Гонзалес.

Сцената што ја улови камерата на „Дерби“ не можеше да се опише подобро отколку со добро познатата „некој меѓу нас не е наш“, но останува да лебди прашањето дали ова беше смислена провокација или пак можеби пример за фер плеј.

Имајќи предвид дека веднаш до нив беше еден од водачите на „Фалангата“, познатиот Шиц, веруваме дека поголема е веројатноста да станува збор за втората варијанта, со што дефинитивно беше демонстрирана поголема почит од навивачите кон навивачите, отколку што тоа беше случај на теренот каде што едвај имаше минута кога Словенија беше комплетна поради големиот број исклучувања за грубата игра на нивните играчи.

Facebook Коментари