(ФОТО СТОРИЈА) Ракометарите добија „златен благослов“ од МПЦ

vladikata pimen so rakometarite

Македонската црковна општина во Загреб денеска организираше Света Василичка литургија во чест на православниот празник на овој светец и православната Нова Година, а националниот ракометен тим присуствуваше на богослужбата по овој повод во „Роков Перивој“.

Согласно василичарските адети, тие од црковната општина добија и пригоден подарок, сребрена монета со мотив од Рожденството Христово и грбот на МПЦ-ОА.

– Вие сте апостоли, можевте да бидете било каде и да прославувате, но сепак дојдовте тука. Направивте едно чудо вчера, а ние веруваме дека ова сребро ќе го претворите во злато,- рече во своето обраќање надлежниот парохиски свештеник на МПЦ-ОА во Хрватска, Протојереј – стварофор Кирко Велински, благословувајќи ги ракометарите заедно со Митрополитот Европски Пимен.

Денешниот слободен ден ракометарите ќе го искористат за тренинг во попладневните часови, а утре се соочуваат во репрезентацијата на Црна Гора во натпревар кој почнува во 20.30 часот.

pregratka kire i pimen

na baciraka kaj vladikata pimen

filip kuzmanovski svekjopalenie

rakometarite nakaj doma

 

Facebook Коментари