Поврзете се со нас

Германија

Фото-сторија на „Билд“: Елмас се подготвува за новата сезона со работа во домашната слаткарница (Фото)

Објавено

на

foto:twitter.com/RBLeipzig_EN

Елиф Елмас како огромно засилување притигна во Ред Бул Лајпциг во зимскиот преоден рок, но по комплетираната полусезона во Германија, слободно може да се каже дека македонскиот репрезентативец не доби шанси онолку колку што заслужува.

Самиот Елмас најави дека ќе му биде потребен период на адаптација по долгата етапа во италијанскиот фудбал, но одигранит 255 минути на 14 првенствени натпревари сепак беа прескромен учинок, нешто што сите очекуваат да се промени на стартот на оваа сезона.

Марко Розе сигурно ќе биде под притисок повеќе да го користи македонскиот „дијамант“, а за такво нешто сигурно ќе се погрижат и германските медиуми.

Во овој летен период, репортери на „Билд“ пристигнале во Скопје и направиле една фото сторија за семејниот бизнис на семејството Елмас, од кој дел е и самиот Елиф.

Познатиот фудбалер не се срами да му помогне на својот татко во овој летен период, па за „Билд“ открива дека секогаш се опушта кога служи слатки и лимонади на верните купувачи.

– Уживам во родната земја, дури и кога сум тука на кратко. Тука се опуштам и можам да си ја разбистрам главата. Многу ми помага тоа што минував денови во кои му помагам на мојот татко во нашата семејна слаткарница. Во тие моменти, не мислам на ништо друго. Само уживам во времето кое го минувам со него, – вели Елмас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни