Поврзете се со нас

Некатегоризирано

ФОТО-СТОРИЈА: Кристијано Роналдо ѝ го подари дресот на Хелен од Кичево!

Објавено

на

Фудбалерите на Реал Мадрид заминуваат за Шпанија побогати за трофејот на УЕФА Суперкуп, но тие не се единствените што понесоа убави спомени од величенствениот натпревар во Скопје.

Многумина посетители испазарија разни сувенири, но она што е бесценето е токму она што се добива на подарок, а не се купува. Откако прославата заврши, невообичаено за нас рефлекторите на „Телеком арена“ продолжија да светат уште цел еден саат, па на теренот се појавија Серхио Рамос, Зинедин Зидан, Кристијано Роналдо и други, претежно за да дадат изјави за телевизиските станици кои имаа свои пунктови. Откако заврши со обврските кон медиумите, Роналдо направи лесен тренинг, па дваесетина минути ги помина во трчање од Западна трибина до Источна трибина. На крајот кога тргна кон соблекувалната, беше еуфорично поздравен од најупорните гледачи кои останаа на Северната трибина, па речиси без размислување тој го соблече дресот во кој тренираше и се упати кон публиката. Додека стотици грла френетично врескаа во тој момент, Роналдо ја здогледа малечката Хелен и се упати кoн неа, покажувајќи со прст дека сака токму неа да ѝ го подари дресот.

Еуфоријата ја снема со заминувањето на Роналдо, но многумина поитаа да се сликаат со малечката Хелен или пак со дресот што португалскиот фудбалер и го остави, па магијата продолжи уште десетина минути. Мајката на Хелен изјави за „Дерби“ дека доаѓаат од Кичево, но нивното семејство, Илијоски, всушност живее во САД, во Атлантик Сити. Поголемиот брат на Хелен е заљубен во фудбалската игра, а за разлика од сестрата имаше дрес на Манчестер Јунајтед, но летово бил во Барселона и учествувал во тамошниот камп за млади фудбалери.

helen ronaldo 002

helen ronaldo 003

helen ronaldo 004

helen ronaldo 005

helen ronaldo 006

helen ronaldo 001

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни