Поврзете се со нас

Македонија

Фото-сторија: Ѓорѓе Војновиќ се симна од трибина и ја реши кризата во „Јане Сандански“

Објавено

на

Натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Будуќност накратко беше прекинат на почетокот на последниот период при резултат 78:72, а причина беше протестот на гостите од Црна Гора кои бараа дислоцирање на навивачите што се наоѓаа над нивната клупа.

Судиите и официјалните лица чекаа реакција од организаторот, а откако гледачите не сакаа да го слушнат апелот на претставникот на МЗТ Скопје, Видоје Секуловски, ситуацијата заглави во расправии кои предизвикаа дополнителни реакции од гледачите. Тогаш на сцена стапи поранешниот македонски кошаркар Ѓорѓе Војновиќ, кој го напушти своето место во ВИП ложата и се симна на теренот. По консултациите со судиите, тој успеа да ги убеди навивачите да се повлечат на повисокиот партер од трибината, по што натпреварот продолжи, а „штрковите“ се радуваа на нов триумф во АБА лигата.

Поранешниот член на МЗТ, а денеска извршен директор на компанијата „Триглав“, покажа медијаторски квалитети кои посакуваме да му одат од рака и при надминувањето на ситуацијата во македонската кошарка, која е очајна за обединување и излегување од апатијата во која е втурната.

djole000

djole001

djole2

djole3

djole4

djole5

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни