Европски првенства
(ФОТО СТОРИЈА) „Фалангата“ беше во топ-форма, но една девојка ги освои симпатиите на Лазаров!

Од Загреб за „Дерби“,
Александар Табаковски
Капитенот на македонската ракометна селекција, Кирил Лазаров, им ја посвети победата над Словенија на навивачите кои ги бодреа од трибините во загрепската сала „Арена“, но една девојка доживеа да и се исполни сонот и да го сретне „македонскиот бомбардер“ по натпреварот.
Ива Радељевиќ е од Хрватска и нема никакви македонски корени, но со цело срце ја бодреше Македонија во триумфот над селекцијата на Словенија. Таа говореше на чист македонски јазик и на присутните им остави впечаток дека е една од оние кои допатуваа од Македонија за да ги бодрат ракометарите.
– Немам македонско потекло, но во нашиот клуб за македонско-хрватско пријателство има курсеви за возрасни за изучување на македонскиот јазик. Дополнително, јас помагам во одделот за односи со јавноста и ја одржувам нашата страница. Многу ја сакам Македонија, а денешната средба со Кире Лазаров ми е остварување на сонот,- рече инспиративната Ива за „Дерби“.
Таа исто така била голема обожавателка на Тоше Проески и воедно се интересираше дали меѓу новинарите од Македонија е дојдена и авторката на неговата биографија, Соња Алексовска Неделковска, која што заедно со семејството често ги бодри ракометарите на настапите во странство.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 20 часа
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 20 часа
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 19 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 21 час
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 20 часа
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 21 час
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)