Поврзете се со нас

Италија

ФОТО: Јуве промовираше ново засилување, а Романо најави дека ќе има уште едно

Објавено

на

Денеска Јувентус го официјализираше доаѓањето на големото засилување од Португалија, а веднаш потоа Фабрицио Романо најави уште едно.

Португалецот Франциско Консеиао од денеска и официјално е во Јувентус каде доаѓа на позајмица од Порто.Старата дама тоа и официјално го потврди на своите официјални канали.

Тој вчера пристигна во Торино, каде што му беа извршени лекарски прегледи, па прашање на време беше кога Јувентус ќе го официјализира неговото доаѓање.

Јувентус го позајми од Порто до крајот на сезоната и за тоа задоволство плати седум милиони евра, а засега не се знае дали постои опција или обврска за негово откупување.

Тој е 21-годишно десно крило (по потреба може да игра и лево) и Тиаго Мота во него гледа сериозно засилување.

Интересно е што летово само што потпиша за Порто, кој го купи од Ајакс за 10 и пол милиони евра, а токму од Порто отиде во Ајакс во 2022 година за пет милиони евра.

За репрезентацијата на Португалија ова момче настапи шест пати и постигна еден гол, а за младинските селекции забележа и 38 настапи со 10 погодоци.

Во исто време Фабрицио Романо потврди дека во Јувентус оди и по долгоочекуваниот Теун Купмајнерс. Аталанта даде зелено светло, а самиот фудбалер се договори со Јувентус и повеќе нема пречки за потпис.

Јувентус ќе плати 52 милиони евра фиксни и седум милиони евра преку разни бонуси за неговите услуги. Купмајнерс ќе потпише договор со Стара Дама на пет години, односно до летото 2029 година.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни