(ФОТО) И „Фалангата“ грло има: Ден за одмор, чај или греана ракија?

i falanga grlo ima

Македонија ја надигра Словенија во првиот натпревар од Европското првенство во Хрватска, а подеднакво тензично беше и на трибините каде што илјадници грла ги бодреа нашите ракометари.

Ден потоа, атмосферата низ Загреб се уште славеничка, но како што и самите се уверивме, секој момент се користи за рекуперација на гласните жици пред утрешниот натпревар со Црна Гора во 20.30 часот.

Ѓоре Димитриевски од Велес е еден од познатите лица кои ја бодрат Македонија насекаде каде што игра, а во Загреб денеска уживаше во чај.

– Мора да се биде подготвен за утре, тоа е можност за втора победа и нашите момци да полетаат високо,- рече Димитриевски за „Дерби“.

gjore so cajce

Facebook Коментари