Форналс со маестрална лоб мајсторија го шокираше Реал за историја на „Бернабеу“ (Видео)

fornals-real

Реал Мадрид не успеа да постигне гол од ниту една од многуте шанси кои ги имаше ова попладне на „Сантијаго Бернабеу“, а како што вели непишаното правило во фудбалот, казната секогаш пристигнува на спротивната страна, и тоа во најлошо време за тимот на Зинедин Зидан.

„Кралевите“ грчевито се обидуваа да дојдат до гол во самата завршница и да го пробијат ѕидот на Вилјареал, но наместо тоа, една молскавична контра на гостите заврши со маестрална лоб мајсторија на Форналс во 87-та минута. Поранешниот играч на Малага успеа да го замолкне „Бернабеу“ и да направи историја со тоа што му донесе прва победа на Вилјареал во историјата на гостувањата кај Реал Мадрид, а од друга страна пак, го остави во исклучително тешка ситуација Зинедин Зидан кој денеска и тоа како ги слушна првите жестоки свирежи и протести од трибините.

Мора да се напомене дека Реал денеска немаше и среќа во одредени ситуации, а исклучително спорен е моментот од завршницата на првиот дел кога судијата Малјенко не досуди чист пенал за домаќините по една игра со рака во шеснаесетникот на гостите.

Facebook Коментари