Поврзете се со нас

Свет

Формула Е возач се посрамоти, ангажирал гејмер за да го замени на официјална виртуелна трка

Објавено

на

Актуелниот возач во Формула Е шампионатот, Даниел Абт, се посрамоти пред своите колеги и фанови, откако ангажирал професионален гејмер да го заземе неговото место за време на официјална виртуелна трка.

Абт е казнет од организаторите со 8.900 долари и истите треба да ги уплати во хуманитарни цели, а откако признал дека наместо него во трката учествувал Лоренц Хорнинг, им се извинил на останатите учесници и јавноста.

Дури и со помош на Хорнинг, Абт го освоил само третото место, а пред него се пласирале Оливер Роуленд и Стофел Вандорн.

– Не го сфатив предизвикот сериозно, а посебно ми е жал затоа што знам колку сериозно се ангажирани за овој проект од Формула Е. Знам дека изгледа невкусно, ама немав лоша намера, – изјавил Абт.

За време на трката, Французинот Жан-Ерик Верњ се посомневал дека Абт не е реалниот учесник и побарал да ја вклучи камерата за следната трка за да го потврди својот идентитет.

Инаку, 27-годишниот Германец во Формула Е првенството настапува за екипата на АБТ Шефлер Ауди Спорт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни